„Премиерот Зоран Заев продолжува со политизацијата на правосудството во Македонија и тоа го покажа и со поставувањето на првиот човек на Судскиот совет, а се работи за личност која нема донесено ниту една пресуда во животот“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Дневникот на МТВ,
„Видовме како функционира ова обвинителство и судство, вчера за претседател на републичкиот Судски совет, човек односно дама која нема ниту една судска пресуда, ниту ден судски стаж беше избран во политизираното судство на Зоран Заев“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека доколку ваквите потези на Владата предводена од СДСМ претставуваат ветените реформите во правосудството, кои од Македнија ги бара и Европската унија, не треба да зачудува чуди ако следната година наместо 111-то како годинава, земјата биде рангирана на 121-то место на листата на Транспаренси Интернешнл.