Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на социјалната мрежа Фејсбук ги нарече премиерот Зоран Заев и специјалниот пратеник Владо Бучковски „најдобар дар за бугарските позиции“.
„Зоран Заев денеска вели дека е неодговорно што сум објавил статус во кој споделувам информации од дипломатски кругови, а кои се однесуваат на преговорите што ги води двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија за потпишување на уште едно предавство на македонскиот народ, идентитетот и македонскиот јазик. Двоецот Заев-Бучковски е најголемата опасност за македонските црвени линии, тие се најдобриот дар за бугарските позиции. Сето ова се случува додека дневниот криминал продолжува, а сиромаштијата се зголемува, напиша“, Мицкоски на својот Фејсбук профил.