Зоран Заев да престане со демагогија и нови лажни ветувања, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.

-Еве ја вистината: Доколку замислиме дека буџетот е 1000 денари, Зоран Заев троши: ● 127 денари за плати, ● 86 денари за стоки и услуги коишто за жал никој не знае што се, ● дури 487 денари троши за поткуп на гласачи и купување социјален мир, ● 288 денари се трошат на пензии, ● само 139 денари за здравствена заштита во време на најжестоката корона криза, ● 159 денари за непродуктивни трошења, патувања, ручеци и сл, ● само 93 денари за капитални инвестиции, ● и во исто време го задолжува народот за 141 денари!, пишува во својата Фејсбук објава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.