Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека Драги Рашковски требал одамна да поднесе оставка. Сепак, додава дека ова е прв морален чин на член на владата, а според Мицкоски целиот кабинет треба да поднесе оставки. За, Рашковски, Мицкоски вели дека не може со службеничка плата да вози џип од 70-80 илјади евра.
-Оставка треба да си поднесе цела криминална влада, а не само Рашковски. Тој одамна треба да биде таму каде што припаѓа, а тоа е во затвор. Не може службеник со плата од неколку стотици евра или професор на факултет да поседува и да гради хациенди со по илјадници квадратни метри, да летува и да дезертира во ек на пандемија, таму каде што беше, и да ни кажува дека биле евтини аранжманите, да се вози со нови џипови од 70-80 000 евра, ако се негови, такви информации излегоа во медиумите. Ако се потврди како точно, ова е уште еден срам и блам на оваа влада, изјави Мицкоски.