Откако вицепремиерот за борба против коруцпијата Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил објави дека во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство е запленет путер со изминат рок во една фирма, се огласи и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој иронично на Фејсбук напиша дека конечно видовме жесотка борба против корупцијата.
-Конечно жестока борба против корупцијата, Љупчо Николовски се пофали со голем успех. Владата запленила путер со изминат рок, а ќути за 5 шлепери шверц на тутун преку Крива Паланка.
Во колку е аплаузот Љупче? Криминалци едни…
Конечно жестока борба против корупцијата, Љупчо Николовски се пофали со голем успех. Владата запленила путер со изминат…
Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, 13 March 2021