Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Делчев е сѐ што денешната власт не е
Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, затоа што тој е сѐ што не е сегашната власт, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешната порака на Фејсбук, на денот кога се одбележува годишнина од смртта на револуционерот.
„Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван. Зошто? Затоа што тој е сѐ што денешната власт не е. Огледало на нивниот недостиг на морал, на патриотизам и љубов кон Македонија“, нагласува Мицкоски.