Градоначалниците демонстрираат на дело промени кои се забележуваат, рече во своето денешно обраќање по повод 100 дена локална власт, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што додаде тој, повеќето од 1000 проекти на градоначалниците од партијата којашто ја предводи ќе биле уште повеќе ако не билo лошото раководење на општините од претходните градоначалници.
„Покажавме дека умееме и можеме и имаме нешто што тие го немаат. Нови луѓе со нова енергија и план кој го содржи клучот – работа, посветеност и визија. Во изминатите 100 дена започнавме повеќе од 1090 проекти или точната бројка е 1093. Со реализација се започнати 166 капитални објекти низ целата територија на Македонија. Започнати се со градба или реконструкција на 33 градинки и 68 училишта…“, рече Мицкоски.