-Симболично почнуваме од тука, имавме можност да разговараме со неколку занаетчии, истите тие ја пренесоа нивната загриженост околу моменталната економска состојба во државата. Се разбира ја споделија груижаѕа од последиците од пандемијата и тоа како понатаму ќе се развива во државата. Разочараноста во досегашниот пристап на Владата во дело на помошта која изминатиот период брутално ја злоупотребуваше за насилен поткуп, наместо да им помогне на оние кои што се погодени од кризата, изјави Мицкоски.

Тој воедно порача на Владата да не ги користат економските пакети за изборен поткуп, бидејќи се знае дека избори се ближат.

Мицкоски воедно најави почеток на собирање на потписи за поднесување на нов предлог закон за пописот, кој пред само неколку дена се изгласа, а статистичката операција треба да се спроведе во април оваа година.

На почетокот на следниот месец очекува формалното собирање на потписи од граѓаните. Мицкоски уште еднаш порача да се одложи пописот за некој месец со цел како што вели да не се загрози животот и здравјето на граѓаните во време на пандемија со коронавирус.

-Ако сакаат насилно да го протнат овој процес на пописот, тогаш тоа нека го направат електронски, изјави Мицкоски.