Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во тетовско Нераште за да посети едно од семејствата на жртвите во трагичниот пожар. По посетата веднаш објави видео на социјалните мрежи каде се слуша како ги обвинува властите дека го кријат виновникот.
Иако ја искористи прилика за да ја нападне власта, Мицкоски вели дека во Нераште дошол за да изрази сочувство на роднините.
Мицкоски со песимизам рече дека овој случај треба да се расчисти велејќи министрите се уште се на работното место и имаме објекти каде не е инсталиран противпожарен систем без дозвола за пуштање во употреба, а од друга страна додаде дека никој не презема одговорност.
Мицкоски за трагедијата, меѓу другото очекува најпрво да има морална одговорност а потоа и кривична. Во трагедијата во Тетово животот го загубија 14 лица кои изгореа во пожарот кој ја зафати модуларната болница.