Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција, повторно побара вонредни парламентарни избори, посочувајќи на последното бугарско вето за нашата земја и блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ.
Мицкоски апелира во февруари или во март следната година да се формира преодна влада, а изборите да се одржат во мај или во јуни.
Потоа, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дека се согласил за премиер Албанец, Мицкоски предложи на чело на преодната Влада да биде претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и тој, како што рече, да ја реши енергетската и економската криза. Притоа рече дека очекува и ДУИ да го поддржи Гаши за премиер
Претходно, опозицискиот лидер повторно ја повика Алтернатива да се откаже од коалицирање со СДСМ и со ДУИ, затоа што земјава повторно не доби датум за прва меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ.
-Со најновата блокада испаруваат последните причини партнерите на власта и натаму да бидат дел од оваа власт која не оддалечува од ЕУ. Ако Кастриот Реџепи, кој кажуваше дека срцето му е во Вашингтон и во Брисел, и Алтернатива држат до зборот очекувам да излезат јавно и да кажат дека нема причини да продолжат да ја поддржуваат ова власт. Во спротвмо покажуваат дека имаат други мотиви за учество во цласта. Нема простор за еврооптимизам со СДСМ и со ДУИ на власт, рече Мицкоски.