„Македонските граѓани плаќаат најскапа струја споредено со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најефтина струја во Европа. Имено, според EUROSTAT, цената на струја која македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5€/MWh.“, напиша на својот „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш ја спореди цената на струјата во Македонија со земјите од соседството и со Турција.

„Според истиот EUROSTAT во првото полугодие од 2022 година, граѓаните во регионот плаќаат многу поефтина струја споредено со македонските граѓани:

Србија 58,9 €/MWh

БиХ 73,3 €/MWh

Турција 74,8 €/MWh

Косово 55,5 €/MWh

Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, ефтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн…, а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа цена на струја по 69,5 €/MWh или за 22,5% помалку од цената на струјата која ја плаќале во првото полугодие од 2022 година.

Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана картели, корупција и криминал, економија во распад, понижувања и предавства за пусти пари.Одговорност ќе има… доаѓа денот!“, напиша Мицкоски.