Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук порача дека нивните пратеници ќе обезбедат кворум во Собранието за четири закони, само Зоран Заев повеќе да нема изговори. Како што вели тој, утре пред седницата на која е предвидено да има пратенички прашања, нека се закаже седница на која ќе се стават четири закони и нивните пратеници ќе ги поддржат.
-Со цел да нема изговори и да излезе на површина фактот кој работи за интересите на граѓаните, а кој за свој личен интерес, барам од Собранието на утрешната седница каде и така има предвидено пратенички прашања, пред да почне собраниската седница за пратенички прашања да се закаже собраниска седница со дневен ред со четирите закони кои се од интерес за граѓаните, стопанството и поврзани со кризната состојба, или поточно: Одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради корона вирусот и измени на законите за финансиска поддршка на работодавачите, финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од корона кризата и измените на Законот за данокот на личен доход. Ќе потенцирам уште еднаш, иако поддршката од Владата е мала и недоволна за фирмите и граѓаните, сепак истата ќе биде поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е отворено барање. Владата и СДСМ да престане со манипулации и незрело однесување. Граѓаните не смеат да бидат заложници на неспособната Влада, порача Мицкоски.
Пред точно 21 ден Зоран Заев побара да се гласа доверба на неговата Влада, но не побара на истата таа седница да се…
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 24 March 2021