Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби судски спор против СДСМ. Тој ја тужеше оваа партија за клевета и го доби сличајот. Инаку, Мицкоски и сега како и порабо тврди дека судството е партизирано и заробено.

-И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени.

Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.