Вчера гореше над Галичник, опремата за гаснење пожар од 20 век (слика 1) во земја кандидат за Европска Унија во 21 век. Благодарение на жртвата на пожарникарите и армиските волци, пожарот е ставен под контрола, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот ФБ профил.
Тој воедно го прозва првиот човек на Град Скопје.
Во меѓувреме Петре Шилегов набави противпожарна автомеханичка скала вредна нешто повеќе од 1,7 милиони €. Носител на набавката е Унгарска компанија…, да да компанија со седиште во Будимпешта (слика 2). Истата таа држава и град кои жестоко СДСМ ги анатемиса изминативе речиси три години, но бизнисот мора да врви. Додека пак врви бизнисот, а шумите горат, како партнер на Унгарската компанија се јавува истата компанија каде е косопственик зетот на секретарот на град Скопје. Чудно но вистинито, компанијата каде е косопственик зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов склучува договор со носителот на набавка во вредност од 33.244.500 денари или околу 540.000€ (слика 3). А да…, сигурно штабски без основа ќе демантира град Скопје дека во периодот од 2012 и 2017 истата компанија добила тендери во времето на ВМРО-ДПМНЕ, нешто помалку од 150.000€, (иако не во тоа време, туку денес, снаата е секретар на градот, а компанијата ќе демантира дека има странски капитал од 2017 година и не бил зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов единствен сопственик, но во деновите што следат ќе откриваме се повеќе сомнежи за сторен криминал на Петре Шилегов и ќе гледаме штабско препелкање во обид да се одбранат…, но крајот се ближи, а со крајот и одговорноста следи.
Ако се прашувате зошто има недостаток на противпожарна опрема, зошто бизнисот и полнењето џебови и е приоритет на власта.
Вчера гореше над Галичник, опремата за гаснење пожар од 20 век (слика 1) во земја кандидат за Европска Унија во 21 век….
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 3 May 2021