Фото Архива
Утринава во македонското собрание лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имал средба со лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, меѓутоа далеку од очите на јавноста. Партиски извори брифираат дека на оваа средба се разговарало и се анализирале резултатите од изборите во првиот круг. Воедно, истите извори велат дека била реафирмирана соработката и меѓусебната поддршка во средините каде има потреба за тоа во вториот изборен круг. Било посочено дека потребни се промени, и нова иднина која ја очекуваат граѓаните.