Христијан Мицкоски ја коментираше изјавата на Артан Груби кој во „Клик Плус“ кажа дека Ахмети и Мицкоски разговарале за премиер Албанец, и дека Мицкоски кажал дека нема ништо против. Мицкоски вечерва во студиото на ТВ21 демантираше.
„Не, немаме разговарано на таа тема со Ахмети, ја слушнав изјавата на неговиот соработник“, рече Мицкоски и со прашање до ДУИ:
„Но, зошто, пак, ДУИ да не поддржи премиер кој ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ а да биде Албанец? Ако тие мислат дека со враќање на темата „премиер Албанец“ народот ќе има колективна амнезија и за оние живи кои гореа во модуларната болница, и автобусот на Беса Транс кој 130 пати минувал граници технички неисправен, и за кочењето не евроинтегративниот процес, и сега ајде ќе ја враќаме темата премиер Албанец. Имала Македонија премиер кој што бил Влав, еве ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи премиер Албанец, дали ќе го прифати ДУИ?“, прашува Мицкоски.