„Вучиќ вели нема ЕУ за регионов. Рама вели нема ЕУ за регионов, Џукановиќ вели нема ЕУ за регионов. Макрон вели нема сега ЕУ, само Заев вели готово е ќе влеземе иако три пати излажа“, порача Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ од Валандово.
Мицкоски од Валандово му даде европски совет на Заев, порачувајќи му дека во Европската Унија нема премиери аболицирани за криминал, во ЕУ нема батиња кои садат плантажи со марихуана, како и дека во ЕУ има одговорност за секого, додека кај нас нема одговорност за никого.
„Е за вакви измамници станува збор. Затоа ја користам оваа можност да му дадам еден европски совет, затоа што му е тоа потребно и нему и на тие околу него лојални соработници. Во ЕУ во првите 5 минути паѓа министерот ако му изгорат 14 луѓе како што тоа беше во модуларната болница во Тетово. Во ЕУ премиери не се аболираат за криминал. Во ЕУ батињата не садат плантажи со марихуана. Во ЕУ има одговорност за секого, а тука за никого. Затоа потребни се промени и затоа тие власта е исплашена. И затоа мора да станеме општество каде ќе имаме систем на вредности. Каде ќе разговараме за проекти и за иднина“, порача Мицкоски.