Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со објава на facebook, реагираше на написот објавен на бугарската БГНЕС и пренесен од неколку македонски медиуми, дека неговата свеска и баџанак имаат бугарски државјанства. Мицкоски во објавата алудира дека БГНЕС лаже во својот објавен материјал.

„И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси.
Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту “браќата и пријателите” на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана“, напиша на својата официјална facebook страна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Потсетуваме дека никаде во текстот објавен од БГНЕС и пренесен од нашиот портал не пишува дека тој и неговата сопруга Роза поседуваат бугарски државјанства.