Во Владата денеска попладне ќе има средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Средбата е закажана за 16 часот.

„Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицкоски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициска партија со Владата“, изјави синоќа Маја Кадиевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата и претходат бурни меѓупартиски обвинувања околу начинот на справувањето со енергетската криза, при што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ понуди свои контакти за набавка на мазут и гас со кои тврди дека ќе се заштедат 300 милиони евра.