При посетата на Штип со цел увид во работата на тамошниот градоначалник Иван Јорданов, претедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе потпише нов договор за добрососедство со Бугарија. Тој е подготвен како премиер да седне на маса со Владта во Софија и да го репреговара договорот за добрососедство со цел да се одблокира патот на Република Македонија кон Европската Унија.

-Следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со Владата во Софија и да ги репреговара овие околности кои што ние цениме дека се асимилаторски е се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во Европската Унија, а не помагаат. Сакам да постигнеме еден вистински добрососедски договор кој што навистина ќе ги подобри односите кои што сега се на катастрофално ниво помеѓу двата народав македонскиот и бугарскиот и помеѓу двете држави Македонија и Бугарија, вели Мицкоски.