– Очекувам сите парламентарни политички партии да ја поддржат резолуцијата без разлика дали се ДУИ, Алијанса, Алтернатива, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица или коалициските партнери. Оваа резолуција ги содржи македонските црвени линии и затоа е потребно да застанеме во интересите на Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Инаку, вчера ВМРО-ДПМНЕ до Собранието достави Резолуција за црвените линии во преговорите со Бугарија. СДСМ најави дека ќе даде поддршка, исто како и нивните коалициони партнери ЛДП, ДОМ и ДС, Левица исто така, додека ДУИ побара политички консензус пред да биде расправата во Собранието, а коалицијата Алијанса/Алтернатива најавија свој став за денеска.