Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг во општина Македонски Брод, пред граѓаните истакна дека, власта и Зоран Заев за 52 месеца го задолжиле секое семејство за по 4.500 евра, укажувајќи на изјавата на Заев дека ќе ја направи платата 1000 евра е залудна ако трошоците за живот се 2000 евра.
-Втората работа, е да ја пренесам загриженоста од инфлацијата која го јаде животниот стандард. Тоа е голема тема во Европската Унија, а само тука во Македонија Заев сеуште не лаже дека ќе донел 500 евра плата после 5 години власт. Може да каже дека ќе и 1000 евра плата, но ако 2000 евра се трошоците за живот, тоа е залудно. Сите цени се креваат на производите драстично се зголемуваат, а додека ова го говорам се поскапува цената на бензинот на светски берзи, ќе престои повторно зголемување на цената на бензинот и нафтата, а со тоа и продуктите во продавниците, посочи Мицкоски.
Тој вели исто така дека се очекува и зголемување на цената на електричната енергија, нешто кое го говори подолго време, а први тоа ќе го почувствува стопанството, а потоа и граѓаните.
– 52 месеци се власт и имаат потрошено 16 милијарди евра народни пари, а ветија раст на економијата од 5% годишно, а успеаја да донесат четири пати помалку само 1,25%. Секое семејство го задолжија за 4.500 евра. Секое семејство во Македонија изминативе 52 месеци плати точно 4.500 евра за да може да трае политичката кариера на Зоран Заев, појасни Мицкоски.
Мицкоски истакна пред граѓаните на Македонски Брод, дека сега е моментот народот гласно да говори, а на 17-ти октомври да се излезе масовно и да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ за да се создаде нова иднина за сите граѓани.