ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа Мицкоски на прес конференцијата одговарајќи на новинарско прашање, секојднево работи на постигнување на мнозинство од 61 пратеник за да се постигне распушатање на оваа Влада.
-Правно треба 61 пратеник да крене два прста во Парламентот и на тој начин да се распушти оваа Влада и да се закажат евентуално нпви предвремени парламентарни избори. На друг начин, за жал, не можеме. На методологијата како да дојдеме до 61 пратеник, секојдневно работиме на тоа. Кога ќе имаме мнозинство од 61 пратеник, ќе ја информираме благовремено македонската јавност, рече Мицкоски.
Како што рече, не сака да открива детали бидејќи се уште се работи на ново парламентарно мнозинство, во кое, тврди, е опфатена и пратеничката група на СДСМ.