Оваа владеачка коалиција е целосно корумпирана, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за Вечер.мк и ексклузивно ги открива деталите од пресудата за случајот Талир.

СДСМ е комплетно поданик на ДУИ. Ако во СДСМ не смогнат сили за избори, партијата ќе се фрагменмтира, нивните гласачи ќе се прелеат во други политички субјекти, вели Мицкоски.

Тој наведува дека за да запре политичкиот прогон на новинарите и медиумите, треба системско решение и треба поинакви луѓе кои не се плашат да слушнат различно мислење.

Само еден тендер помалку за ископ во РЕК Битола, ете ги парите за студентите, вели Мицкоски и надополнува дека оваа власт не е партнер на ЕУ, тие се одличен партнер за евроскептици.

Вели дека борбата му е да се напише историја која што ќе значи – шампиони, да запре уништувањето на Македонија и егзодусот на населението.

-Денеска СДСМ е комплетно поданик на ДУИ и на политиките на ДУИ кои што во овој момент можам да заклучам се сѐ само не се државни, народни, и политики кои што ќе значат прогрес, просперитет и на државата како што Вие кажавте и на граѓаните и на компаниите во Вашиот вовед. И ценам дека колку побргу пратениците на СДСМ ќе бидат свесни во каква ситуација ги туркаат политички неискусното дуо Зечевиќ – Ковачевски во прегратките на ДУИ да бидат нивен сервис во исполнување на нивните политики и замисли толку потешко ќе биде за државата, вели Мицкоски.

Целото интервју на следниот ЛИНК.