СДСМ и ДУИ Се нервозни затоа што имаат 20 градоначалници, а немаат отчет, бидејќи немаат ни проекти, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Генерално, градоначалникот кажа за техничките детали за проектот, самиот проект што подразбира, што значи овој проект за мештаните, околните жители овде во општина Ѓорче Петров. Она што мене ме радува е фактот дека и покрај сите проблеми, дел од нив и ги спомена Александар, сепак Општината продолжува да работи на терен, продолжува да ги исполнува ветувањата кои што се дадени пред граѓаните. И од тука е и нервозата кај нашиот политички конкурент, кога ги напаѓа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. А, имате во Македонија повеќе од 20 градоначалници од СДСМ и од ДУИ, а јас ниту отчет видов, ниту знаеме кој проект го реализираа. Така што сето тоа кое што денеска претставува напад, сето тоа кое што претставува непринципиелен напад, ние со насмевка мораме да го прифатиме и истовремено да одбиеме што би се рекло на невистините кои што доаѓаат од нашиот политички противник СДСМ, вели Мицкоски.