Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи преку Фејсбук профилот на обвинувањата на СДСМ изнесени преку соопшенија дека се обидел да ја саботира истрагата на МВР во која беа уапсени девет полициски службеници за издавање на македонски патни исправи на балкански криминалци.
Во писмените соопштенија СДСМ го спомнува скандалот со гласачите од Пустец. За Мицкоски ова е јаден и тажен обид, како што вели, владејачката партија да се спаси од одговорност.
-Во екот на најголемата афера во македонската историја, СДСМ, два дена по ред, пласира информации стари 9 години! Јаден и тажен обид!
Не само што се фаќаат за сламка за да се спасат, туку веќе подолго време се во слободен пад, без никаква надеж за спас!
,
Во екот на најголемата афера во македонската историја, СДСМ, два дена по ред, пласира информации стари 9 години! Јаден и…
Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, 10 April 2021