Развојот на моториката на децата е со читање на книга, со пишување, но овие моменти власта за жал водејќи се од провизии и квази реформи, ги забораваат, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи.
„Дигитализација не претставува PDF формат на учебник, туку дигитализација претставува мултимедијална интеракција со компјутерот. И ние го имавме тоа предвидено во програмата, но ги имавме предвидено и учебниците, оние ученици што не можат од определени причини, не само поради недостаток на хардвер или компјутер, можеби поради здравствени причини некое дете не може да седи пред компјутер и да помине осум часа и на тој начин да ја следи наставата и да се надградува.
Развојот на моториката на децата е со читање на книга, со пишување. Тоа се моменти кои овие политичари, за жал водејќи се од провизии и квази реформи, ги забораваат. И она што е најсуштински проблем за нас кај овие политичари, е тоа што не прават суштинска анализа, туку носат политика, па потоа ги гледаат негативните последици од истата“, наведе Мицкоски.