Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање до граѓаните нагласи дека промените се случуваат уште првата година од мандатот на градоначалникот на штип Јорданов.

Покажавме дека има надеж и дека промените се случуваат уште во првата година. Не се служиме со изговори, ниту бараме оправдувања како што тоа го прави владата, туку преку дела за народот создаваме мали промени кои се патот до големи победи, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски порача дека оваа година ќе се реализираат 225 милиони денари за капитални инвестиции, а конечно ќе се реши проблемот со кој се соочуваат штипјани и ќе се започне со изградба на три катни гаражи во вредност од 30 милиони денари.

Изминатата година во општина Штип се инвестираа повеќе од 120 милиони денари за најразлични проекти  во сите области. Оваа година само за капитални инвестиции ќе се реализираат повеќе од 225 милиони денари, а конечно ќе се отпочне со изградба на три катни гаражи во вредност од 30 милиони денари. И тоа значително ќе го намали проблемот со кои штипјани се соочуваат долго време. Време е за луѓе кои си држат до зборот. За остварување на сонот и за надеж која ќе донесе сигурна иднина, дециден е Мицкоски.