Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е пријатно изненаден од ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски за референдумското изјаснување за францускиот предлог и ЕУ. Како што вели тој исто така размислува да го постави референдумското прашање пред ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пред граѓаните.
Па, мирам да признаам дека по подолго време сме за прв пат можеби сме на иста бранова должина со Пендаровски. Во таа насока и јас размислувам да излезам со формулација на прашањето пред ИК на партијата и пред граѓаните и очекувам Пендаровски потоа да ги повика сите партии да излезат на референдум, ако биде таа формулација затоа што веќе кажа и јас навистина сум изненаден од неговиот став кој што гледам е позитивен за референдумското изјаснување што претставува највисок чин на демократија на една земја, вели Мицкоски.
Пендаровски предлага референдумско прашање: „Дали сакате во ЕУ под вакви услови?“