Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Facebook соопшти дека се чувствува одлично по лесна хируршка интервенција.

„Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… после 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично. Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите. Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија!“, напиша Мицкоски.