Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија подготвува концепт, кој во себе вклучува намалување на бројот на пратениците во македонското собрание.
„Размислуваме да предложиме концепт кој што цениме дека ако партиите во Собранието се искрени, би можеле да го прифатат. Од друга страна мислам дека граѓаните ќе го поздрават, а тоа е намалување на бројот на пратеници, бидејќи 120 е преголем број, да биде на пример 90 по словенечкиот модел. Истовремено да имаме и една изборна единица, изјави Мицкоски во емисијата „360“.
Мицкоски останува на ставот дека избори мора да има „веднаш и сега, но додава дека е „апсолутно свесен дека тоа не значи денес или утре, туку дека мора да почне да се размислува“.