Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека ако власта е одговорна и ако мисли за доброто на граѓаните и на Македонија, треба да седнат на една лидерска средба, да ги договорат правилата на играта и да се оди на предвремени парламентарни избори.
„Има неколку начини до предвремени парламентарни избори, да ја разработуваме стратегијата, институционална и вонинституционална. Ние ќе продолжиме и понатаму да правиме притисок и да бараме предвремени парламентарни избори затоа што ќе повторам дека тоа е добро за државата“, рече Мицкоски.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ планира протести во наредниот период, Мицкоси потврдно одговори.
„Да да се планираме. Јас го најавувам во вашата емисија дека ќе повикаме на општествена поддршка затоа што тоа што го гледаме на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен“, изјави претседателот Мицкоски.