Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во говорот на т.н политички саем на отчетност, на градоначалниците на неговата партија, потврди дека ќе оди на лидерската средба закажана од премиерот Димитар Ковачевски со сите парламентарни партии. На таа средба првенствено ќе се разговара за уставните измени.
-ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и ДА еве објавувам дека ќе присуствувам на таква средба затоа што имаме ставови и сме подготвени да ги браниме на секаде низ светот. Ќе дојдам на лидерската, ќе кажам јасно и гласно, не како владата преку штури соопштенија, дека најреалната причина за која една лидерска средба би имала содржина се реалните проблеми на народот кој е гладен, за чиј излез се предвремени избори. Што се однесува до уставните измени, тоа е завршена тема, затоа што Уставни измени нема да има под овие околности, порача Мицкоски.