Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој е хоспитализиран поради Ковид 19, како што самиот напиша на Фејсбуј, здравствената состојба му се подобрува. Вели дека поминал тешки 12 денови, додавајжи дека низ она што поминува не сака никој да помине. Се заблагодарува на целиот медицински тим, но додава дека нековата здравствена мака ќе помине, а тогаш ќе почне, како што вели, маката на Владата.

-13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура, интерлеукин 6 се намалувал. Денес ми е прво утро без покачена температура, подобро се чувствувам. Ова што јас го преживувам не сакам да биде ничија реалност бидејќи вирусов е страшен. Сакам да упатам јавна благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна клиника во Скопје. Секој од нив е вистински борец и нивната посветеност и пожртвуваност не се опишува со зборови. Жално и трагично е што сѐ уште не е започнат процесот на вакцинација бидејќи без тоа нема решение, а очигледно за него ќе чекаме уште многу. Ќе помине и мојата здравствена мака, ама ќе започне маката на Владата заради оваа неодговорност и неспособност за набавка на вакцини. Не е време за циркус со шпиунски игри, треба сериозни луѓе на вистински места што знаат како. Ако на времето беше смешно кога ќе слушневме дека блескаме, денес е трагично бидејќи блескаме поради срамот, простотилукот, неспособноста на власта. Доаѓа денот за одговорност, пишува Мицкоски.

13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура,…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 9 March 2021