По изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски дека не гледа причина зошто пописот да не се одложи за месец или два, доколку навистина пандемијата попречува такво нешто и доколку граѓаните се плашат да пуштат попишувачи во нивните домови, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој вели дека претседателот глуми арбитер, а слугува на Заев и ги потпишува законите кои овозможуваат да се најдеме високо на скалата за корупција.
-Тој е човекот кој што ги потпишува законите кои овозможуваат да ние се наоѓаме на вакво ниво според корупција и криминалот во државата. Тој доколку навистина имаше чесна намера, можеше многу пати во минатото да ги блокира тие закони односно нивниот текст, наместо да му слугува на Зоран Заев, вели Мицкоски.