Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој се појави на протестот за како што велат уставобранителите изјави дека народот го губи трпението. Вели дека чашата ја прелило именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд. Воедно порача дека власта си игра со трпението на народот.
-Револтиран е народот и му е преку глава. Чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд. Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесуваат Зоран Заев и владата на СДСМ, јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе.
Мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има и свој крај.
Пендаровски ја менуваше својата изјава во неколку наврати, првично рече дека луѓето не се вниновни за тоа што се осудени, и тоа е нашето барање. Тоа е да се врати процесот отпочеток и да се судат за тоа што навистина го погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за да денеска Кацарска стане претседател на Уставниот суд, изјави Мицкоски.