Христијан Мицкоски во обиколка на пазарџиите на „Зелен Пазар“. Како што вели повеќе од 200 дена е со граѓаните, но неговите вакви настапи зачестија како се ближат локалните избори. Но, освен локалните, тој бара и предвремени парламентарни избори. Одговарајќи на новинарски прашања поврзани со владата на Зоран Заев, Мицкоски рече дека прво таа влада треба да падне, а потоа и да одговара за се што сториле во нивниот мандат.

-Не знам дали воопшто може да се верува на господинот Заев, затоа што четврта година по ред слушаме многу лаги и криминал. Единствено што е јасно и што се гледа од месечината е кинескиот ѕид и нови предвремени парламентарни избори. Нова влада и одговорност за оваа влада којашто го покраде народот, изјави Мицкоски.

Моментот кога Мицкоски одговара за Месечината и предвремените изори е на 02:19 минута.