Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски предмалку на својот Фејсбук профил објави дека се водат тајни договори со кои Декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент треба да стане дел од преговарачката рамка со ЕУ. Во фејсбук статусот, Мицкоски пишува: Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија, наведува Мицковски, кој додава дека информацијата ја добил од дипломатски извори. Според Мицковски, со ова директно земјава е ставена во позиција да преговара за македонскиот јазик и идентитет што е еднакво на предавство на македонскиот народ. Во однос на португалскиот предлог, Мицковски со став дека „само политички аматер како Заев гради дебата околу предлог кој бил одбиен од бугарска страна“.