Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното издание на „КликПлус“ на ТВ21 рече дека Ниш и Врање за нас се Стокхолм и Копенхаген, се разбира алудирајќи на масовната вакцинација на македонските граѓани.
-Денеска за нас Ниш и Врање се Стокхолм и Копенхаген. Да не ме сватат погрешно граѓаните на Ниш и Врање. Немам ништо против нив, рече Микоски.
Околу најавата за воведување на ковид пасоши од страна на ЕУ, Мицкоски коментираше дека е апсолутно против таа идеја.