Продолжуваме со посетите низ Македонија денeска сме тука во Штип, бевме на терен да видиме неколку тековни проекти коишто се во реализација или да бидат попрецизен коишто почнуваат да се реализираат, бидејќи сме ветувале и сме презеле обврска пред граѓаните и тоа коешто сме го ветувале и за кое сме презеле обврска треба да се реализира. Доста се порази, доста се разочарувања граѓаните треба да почнат да победуваат, а ние како генерација политичари оваа наша работа ја разбираме само како слуги на народот и луѓе коишто ќе работат исклучиво за интересите на народот, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Денеска тука во Штип зборуваме за штипјани, зборуваме генерално за Македонија. Во продолжение ќе имаме состанок со стопанствениците овде во Штип, луѓето коишто се херои во современото време, бидејќи во едни вакви тешки услови коишто денеска ги има во Македонија тие работат и обезбедуваат егзистенција за штипјани, но и голем број на граѓани од населените места коишто се околу Штип и навистина јас секогаш велат капата долу за тие луѓе, коишто треба да се почитуваат и треба да им се помогне онаму каде што согласно со процедурите и законите може да се помогне, рече Мицкоски и додаде:
„Градоначалникот кажа дека ќе биде формиран и Економски совет, тело коешто очекувам значително да ја подобри соработката помеѓу бизнис заедницата, односно стопанствениците и општина Штип и да продолжи она коешто сите ние го очекуваме, а тоа е да продолжи нова и подобра иднина за Штип и за Македонија“.