Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната посета на семејство од с. Нераште, погодено од несреќата во Ковид болницата во Тетово, во врска со денешната изјава на Зоран Заев дека не планира да дава оставка по трагедијата во Тетово, Мицкоски истакна дека Заев ја интерпретира функцијата-премиер што во услови на загинати невини луѓе е тажно и жално, а освен гадење нема друго да каже во однос на истата.
-Кога човек ќе се поистовети со функцијата и кога себеси ќе се интерпретира како функцијата –тоа сум јас, во услови кога невини човечки животи згаснаа е тажно и е жално. Доколку тој човек не чувствува никаква морална одговорност и тоа се обиде да го интерпретира дека ако тој заминел, Мицкоски ќе бил премиер, тогаш освен она благо чувство на гадење кое во овој момент го имам, друго немам ништо да кажам, рече Мицкоски за изјавата на Заев денеска.