Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи на социјалните мрежи откако и Министерството за здравство потврди дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Тој напиша дека ќе има одговорност што оваа влада не успеала да набави вакцини.

Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално потврдија. Нема да избегате од одговорноста за тоа што не успеавте четири месеци да нарачате вакцини. Вие сте срам за Македонија. Неспособни и крајно корумпирани. Заради вас умираат луѓе, заради вашата неспособност имаме сериозен трет бран на новозаболени. И пак не ви е гајле, бизнисот со корупција мора да тера, а народот секако ќе пати. Ви се гледа крајот, нема да ве оставиме на мира, напиша Мицкоски на ФБ.

 

Вчера кажавме дека ја лажат македонската јавност, дека авансот за кинеските вакцини е вратен. Денеска официјално…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, 28 February 2021