Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи по повод денешната изјава на министерот Венко Филипче дека од „Фајзер“ имаат дополнителни барања.
„Обновено. Разбиена уште една владина лага. Нема договор со Фајзер, а има провизии за кинески вакцини.
Тоа што сте неспособни сите знаеме, ама тоа што ги лажете граѓаните, луѓе животи губеа и губат, голем дел трауми ќе носат со себе цел живот, ви ветувам дека
ќе има одговорност. Порано или подоцна. Подгответе се.“, напиша Мицкоски на својот „Фејсбук“.