Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш порача дека брзи предвремени парламентарни избори се најдоброто решение и како што вели очекува тоа да се случи, веројатно на пролет следната година. Потенцира дека не може точно да претпоставува, но верува дека предвремени избори ќе има. Запрашан за преговорите со Бугарија и можноста декемри да биде повлечено ветото, Мицкоски изјави дека Зоран Заев е подготвен да потпише нов договор, кој како што вели би бил на штета на нашата држава, а додава дека таков договор тие како партија нема да го прифатат.. Мицкоски не пропушти да изјави дека ова била најлошата влада во изминатите 30 години.