Претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а воедно ниту еден член на ВМРО-ДПМНЕ, нема да одговори позитивно на поканата и да оди утре на прославата на Охридскиот рамковен договор. Како што велат од оваа партија, прославата наместо државна агенда, стана партиско политичка промоција.
-Ако вистински се грижеа за духот на рамковниот договор тогаш парите од прославата ќе беа попаметно да се пренаменат и дадат за реконструкција на училиштата во тетовско, гостиварско, кумановско или за решавање на проблемот со вода за пиење во Тетово. А, секако најдобро ќе се искористеа и за сервисирање на канадерите за гасење на пожар. Воедно треба власта да одговори дали прославата на рамковниот и одложување на мерките заради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот и воедно лажната грижа за здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Официјалната прослава ќе се одржи утре во „Александар Палас“, а поканети се високи државни функционери, лидери на политички партии и други високи личности.