Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата на компанијата “Специјал продукт” на новинарско прашање во врска со Законот за попис истакна дека овој попис ваков како што е, нема да даде одговор за тоа како Република Македонија треба да се развива.

-Овој попис нема да даде одговор на тоа прашање. Колку побрзо ќе го повлечатЗаконот и седнат на маса со опозицијата, за да се направи една вистинскаметодологија и процедура, толку подобро, вели Мицкоски и додава:

-И цениме, особено по последните изјави на директорот на Државниот завод за статистика, кој што вчера се извинуваше па се колнеше, жими мајка не мислев така, мислев вака, само се потврдува дека станува збор за обичен театар, шарада и операција која што нема никаква врска со статистиката. Барем да не ги малтретираат луѓето нека ги кажат процентите кои што треба да бидат и на луѓе и на домаќинствата за да не го слушаме овој срам со кој што секојдневно се посипуваат владините функционери и државниот врв, посочи Мицкоски.

Инаку, премиерот Зоран Заев вчера изјави дека дебатата за пописот е завршена и тој ќе се одржи од први до 21 април оваа година.