„Познавајќи со кого имаме работа, познавајќи ги навиките на власта предводена од Зоран Заев и СДСМ, не очекувам дека овие избори ќе бидат фер и демократски“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Дебати“ на телевизија Шења каде негов домаќин е новинарот Насер Селмани.
Мицкоски тврди дека првите индикации што неговата партија ги има од терен покажуваат токму тоа дека претстојните локални избори нема да бидат фер и демократски. Мицкоски додаде дека како граѓанин на Македонија посакува конечно да се одржат фер и демократски избори.