Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара со секој оној кој цени и мисли дека Зоран Заев и СДСМ треба да си заминат од власт. Мицкоски во врска со разликите во стојалиштата на различните партии направи споредба дека и во едно семејство секој нема да се сложува со секој но генерално доколку се има заедничка цел, а тоа е градење на семјеството тогаш разликите се надминуваат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски појасни дека доколку се има заедничка цел која што е цел над сите цели, а тоа е симнување од власт на Заев и СДСМ, борба против корупцијата и стагнацијата во државата тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне и да комуницира за заедничките разлики.
-Секој оној кој што цени и мисли дека Зоран Заев и оваа Влада на СДСМ лошо работат, подготвен сум со секого да седнам и да разговарам. Видете и дома нема да се сложувам секогаш со Јован, Рози и Антонио. Генерално имаме една заедничка цел да го градиме нашето заедничко семејство. Ако ние имаме една заедничка цел која што е цел над сите цели, а тоа е апсолутно да можеме да седнеме и да комуницираме за нашите разлики“, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара не само со Левица, туку и со сите други партии кои што се идентификуваат како партии кои припаѓаат на опозициското политичко крило, а кои сакаат оваа влада да замине.
-Не само со Левица и со Солза Грчева, и со сите останати кои што се идентификуваат како политички партии кои што припаѓаат на опозициското крило и кои што сакаат оваа Влада да замине се добродојдени да разговараме“, кажа Мицкоски.