Зошто да не ги почнеме прво преговорите со ЕУ, да ја одржиме првата меѓувладина седница, а потоа да продолжиме да преговараме со Бугарија, па и со странски посредници ако сакаат. Ова го изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на попладневниот брифинг со новинарите.
-Немаме веќе сили и простор за национални концесии. За што да преговараме со Бугарија, зошто? Ни беше кажано само Преспа и толку. Ако треба да седиме на иста маса со ЕУ како партнери, тогаш треба да си веруваме. Вака довербата се губи. ЕУ мора да почне да испорачува, не само да бара. Европа не издаде, ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на брифингот со новинарите.