-Во завршна фаза сме и во подготовка на тендерската процедура за набавка на овие автобуси, но исто така со сите овие потенцијални снабдувачи разговараме и за отворање на фабрика тука во Скопје во Македонија за производство на овие електрични автобуси во кое што ќе се вработат минимум 500тини луѓе на силно и добро платени работни места, кои што тука ќе обезбедат егзистенција а Македонија ќе ја ставиме на мапата на производители на електрични автобуси во Европа, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христина Мицкоски при говорот по повод 100 дена власт – отчет на градоначалниците на општините во Скопје.

-Голем дел од овие компании ни велат, од тука понатаму сакаат да го снабдуваат и европскиот пазар со ваков тип на превозни средства односно електрични автобуси. Мислам дека сме многу блиску и да го официјализираме сето ова, затоа велиме работиме исклучително посветено на екологијата, работиме на исполнувања на ветувањата кои што беа дел од предизборната програма на независниот кандидат, а сега градоначалник Данела Арсовска која што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја поддржа и работиме на подобрување на комфорот на скопјани, работиме на подобрување на квалитетот на воздухот на Градот Скопје. Скопје да биде еко и најчист главен град на Балканот, бидејќи претходникот а и оваа власт не само што тоа не ги интересира, туку ни со еден чекор и политика не покажаа дека сакат на скопјани тоа да им го овозможат, вели Мицкоски.